Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, е убеден дека клубот може да донесе квалитетни играчи во претстојното лето и покрај неизвесноста околу сопственоста на клубот.
Холанѓанецот вели дека било тешко да се привлечат играчите да дојдат кога тој ја презел на крајот од минатата сезона.
„Гледам голема разлика во споредба со тоа. Сега многу играчи го гледаат проектот, гледаат точно што се случува, ја гледаат динамиката и амбицијата“, рече Тен Хаг.
Минатото лето Касемиро пристигна од Реал Мадрид за 70 милиони фунти, а пристигнаа и Кристијан Ериксен, Ентони, Лисандро Мартинез и Тајрел Маласија.
Се шпекулираше и за доаѓањето на Коди Гакпо, кој на крајот заврши во Ливерпул.
„Минатата година многумина беа резервирани и полни со сомнежи кога им пристапивме. Оваа година сакаат да дојдат многу квалитетни играчи“, додаде Тен Хаг.
Катарскиот банкар шеикот Јасим бин Ханад Ал Тани и сер Џим Ретклиф од Инеос Груп се двајца од главните претенденти за преземање на „црвените ѓаволи“.
Јунајтед го освои Лига купот во февруари, е четврти во Премиер лигата, а на 3 јуни ќе го игра финалето на ФА Купот со градскиот ривал Сити.
„Можеме да црпиме самодоверба од фактот дека ги победивме најдобрите во светот“, заклучува Тен Хаг.
