ФУДБАЛ

Тен Хаг: Мораме да бидеме најдобри, инаку немаме шанси

Фото: QLD Champions Cup Manchester United, ManU v Crystal Palace Erik ten Hag manager of Manchester United arrives at The MCG, Copyright: xPatrickxHoelscher/NewsxImagesx

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, пред реваншот од осминафиналето на Лига Европа против Барселона на „Олд Трафорд“ потенцира дека неговиот тим мора да биде во најдобар ред.

 

На првата средба на Камп Ноу беше 2:2. Сепак, бидејќи веќе не постои правило за гол на гости, работите се на почеток и двете екипи почнуваат од нула.

 

– Кога играте против тим како Барселона, треба да играте најдобро што можете. Во спротивно, немате шанса – рече Тен Хаг .

 

За „црвените ѓаволи“ може да се каже дека доаѓа можеби најважниот месец од сезоната. Се борат во Лига купот за првиот трофеј од 2017 година, во Премиер лигата го бркаат лидерот Арсенал кој им бега пет бода, во ФА купот ќе се соочи со Вест Хем, но следниот натпревар е во Лигата на Европа.

 

– Имаме шанси, но нашиот фокус мора да биде на првиот следен натпревар. Не можеме да ја освоиме Лигата на Европа овој викенд, но мораме да имаме максимална концентрација од викенд во викенд, за да можеме постојано да бидеме подобра верзија од себе.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛига Европа