ФУДБАЛ

Тен Хаг: Однесувањето на Роналдо е неприфатливо

Тен Хаг, тренерот на Манчестер Јунајтед, истакна дека е неприфатливо однесувањето на играчите на неговиот тим, кои претходно го напуштија пријателскиот натпревар со Рајо Ваљекано.

Последниот подготвителен натпревар пред почетокот на Премиер лигата заврши 1-1, а меѓу оние кои го напуштија стадионот пред последниот судиски свиреж беа Кристијано Роналдо и Диого Далот.

– Ваквото однесување е неприфатливо. Ние сме тим и секој играч е должен да остане со тимот до крајот на натпреварот – изјави холандскиот стручњак.

Роналдо во неколку наврати изрази желба да го напушти Манчестер, но ниту еден од клубовите не е подготвен да плати огромни суми за услугите на 37-годишниот ас. Сопственикот на пет „Златни топки“ најверојатно ќе остане во Јунајтед, но речиси сигурно е дека нема да биде во стартниот состав за мечот против Брајтон на стартот од сезоната.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига