Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг од следната сезона ќе го води Манчестер Јунајтед.
Тен Хаг веќе полека ги става идеите на хартија, но и играчите на кои смета и ги посакува на Олд Трафорд.
Напаѓачот Маркус Рашфорд има неизвесна судбина во Театарот на соништата.
Тен Хаг и Рашфорд во наредните денови ќе седнат на разговор, а како што пренесуваат вестите на Островот, Рашофрд сака поголема минутажа или ќе размисли за заминување од „Олд Трафорд“.
Интерес за напаѓачот на Јунајтед имаше и порано, најгласен беше Вест Хем Јунајтед, а Евертон би сакал да го види во своите редови.
Која ќе биде конечната одлука ќе видиме летово, а она што е сигурно е дека ќе има заминувања од Олд Трафорд, додека за новите имиња се уште само тивко се зборува во некои шпекулации.
На ова се додаде дека Рашфорд оваа сезона за „црвените ѓаволи“ одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и забележа две асистенции.