По победата во градското дерби против Сити со резултат 2:1 во 20. коло од Премиер лигата, менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг не сакаше да падне во еуфорија.
Јунајтед сега ја зазема третата позиција на табелата во Премиер лигата со 38 бодови и заостанува само еден бод зад Сити, додека Арсенал е лидер со 44 бодови.
Тен Хаг беше прашан од новинарите по мечот дали неговиот тим сега конечно се вклучи во трката за титулата, која ја чека од 2013 година, а тој одби да коментира.
„Смешно е да се зборува за титулата во јануари, немој да го правиш тоа, те молам“, рече Холанѓанецот, а потоа продолжи:
„Не сме ни половина од сезоната. Има уште многу да се игра. Има толку многу празнини во нашата игра на кои треба да работиме. Секогаш ќе нè чека само следниот натпревар во нашите умови. Без еуфорија не доаѓа предвид“, рече Тен Хаг.
