ФУДБАЛ

Тен Хаг: Во Премиер лигата сите убиваат секого, но Манчестер јунајтед е сто проценти подготвен за мечот со Борнмут

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сподели своите размислувања во пресрет на натпреварот од 16. коло од Премиер лигата со Борнмут.

– Борнмут е многу силен и добро организиран тим со способни играчи, па ние мора да одиграме најдобро што можеме. Сите убиваат секого овде, треба да бидеме сто проценти подготвени за овој натпревар, тоа е нашата работа, изјави Тен Хаг за „Manchester Evening News“.

Натпреварот ќе се одигра денес со почеток во 16 часот на теренот на Борнмут.

По 15 кола од англискиот шампионат, Манчестер Јунајтед е шести во поредокот со 27 бодови, Борнмут е на 15. место со 16 бодови.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига