Од Џејдон Санчо зависи дали ќе се врати во првиот тим на Манчестер Јунајтед, вели менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.
Санчо (23) тренира одвоено од тимот од септември кога изјави дека тој е жртвено јагне и затоа не бил во тимот на дуелот со Арсенал. Тогаш Тен Хаг рече дека Санчо не играл затоа што тренирал лошо.
„Тој знае што треба да направи, тоа зависи од него“, изјави холандскиот стручњак.
Санчо му се приклучи на Јунајтед во јули 2021 година за 73 милиони фунти од Борусија Дортмунд. На прашањето дали Санчо ќе замине во јануари, Тен Хаг одговара:
„Велам, ако сака да се врати, зависи од него. Суштината е во тимската култура, секој играч мора да исполнува одредени стандарди“.
Санчо постигна 12 гола на 82 натпревари за „ѓаволите“.
