Тој навистина го подигна тимот на највисоко ниво во последните неколку години…
Вејн Руни зборуваше за англиските медиуми за Манчестер Јунајтед во пресрет на финалето на Лига купот и верува дека Ерик Тен Хаг направил многу добро и дека тој е човекот кој му треба на Јунајтед.
„Ова е човекот кој му беше потребен на Манчестер Јунајтед веќе неколку години “, изјави Вејн Руни.
„Мислам дека тој го промени нивното размислување, тие имаат самодоверба, играчите веруваат во себе. Тие се всушност добар тим, мислам дека луѓето го видоа тоа, тие се во добра позиција. Тие не се далеку од првото место, има има уште многу за играње, никогаш не се знае…“, изјави Вејн Руни.
Тој е особено импресиониран од неговиот наследник во однос на бројот на грбот, Маркус Рашфорд.
„Тој е фантастичен, врвен играч. Имаше проблеми неколку сезони, но важно е што се врати за да ги покаже своите сили. Тој е директен, агресивен, има самодоверба. Тоа го немаше некое време. но оваа сезона е поинаква“, изјави Руни.
