ФУДБАЛ

Тен Хaг: „Не сакам да трошам енергија на Роналдо“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не беше расположен да одговара на прашањата на новинарите во врска со Кристијано Роналдо.

Пред да замине од Манчестер, легендарниот Португалец во едно интервју кажа многу негативни работи за холандскиот стручњак и за самиот клуб.

„Како се чувствувам откако ситуацијата со Роналдо беше решена? Тоа е веќе минато. Очекуваме напред и продолжуваме понатаму. По интервјуто, не разговаравме“, рече Тен Хаг.

Сè што Тен Хег сака е да ја остави таа приказна зад себе.

“Сакам да продолжам понатаму. Сакаме да изградиме нова иднина за Манчестер Јунајтед, а тој не сакаше да биде дел од неа. Ајде да продолжиме понатаму. Не сакам да трошам енергија на Роналдо. Сакаме да завршиме сезоната успешно и фокусирани сме на играта“,  заклучи Тен.Хаг.