ФУДБАЛ

Тензии во Милано по поразот во Загреб: Свикан итен состанок со играчите, Ибрахимовиќ одржал говор

Фудбалерите на Милан беа поразени со 2-1 на гостувањето кај Динамо Загреб во средата, во последното коло од првата фаза во Лигата на шампионите, а овој неуспех ги разбранува страстите во редовите на италијанскиот гигант, кој цела сезона варира во формата.

Росонерите со поразот од Хрватска пропуштија можност да обезбедат директен пласман во осминафиналето од елитното натпреварување, па пласман во топ 16 ќе мора да го бараат преку плеј-офот.

Раководството на Милан по натпреварот со Динамо организираше кризен состанок во тренинг центарот на клубот, на кој присуствуваа клупскиот советник Златан Ибрахимовиќ, членот на управата Џорџо Фурлани и спортскиот директор Џефри Монкада, кој разговараше со играчите и тренерот Серж Консеисао.

Иако неполн месец е на чело на тимот, португалскиот тренер веќе е под голем притисок, бидејќи перформансите и резултатите на тимот се под очекувањата. Детали од оваа средба засега не се познати, но јасно е дека управата на клубот не е задоволна од она што го добива од спортскиот сектор. Росонерите моментално се само на седмото место во италијанското првенство, со пет бода помалку од четвртопласираниот Лацио, а лоша вест за нив е што во следното коло ги очекува дуел со градскиот ривал – Интер, кој за разлика од нив, играат во одлична форма. За потсетување, Динамо и покрај триумфот и 11 освоени бодови не успеа да се пласира во плеј-офот поради лошата гол-разлика. На крајот се испостави дека катастрофата во Минхен скапо ги чинеше сините, каде во првото коло беа поразени од Баерн со 9:2.