ПСЖ инсистира на Тео Хернандез
ПСЖ се надеваат дека ќе постигнат договор со Милан што е можно поскоро за левиот бек Тео Хернандез, пренесува „Онда Церо“.
ПСЖ се поврзуваше со Тео низ целиот карантин, кога беше стопиран фудбалот.
22-годишниот фудбалер се смета за идеална замена за Лавин Курзава, кој би можел да замине во Интер или Јувентус.
Според „Онда Церо“, Милан може да го ослободи Тео за 50 милиони евра и ПСЖ е подготвен да ја плати оваа цена веднаш, па постигнување договор може да се случи наскоро.
Париз веќе потроши 50 милиони евра, купувајќи го Мауро Икарди од Интер.