ФОТО: Илустрација
Вчера, по 16 часот кај стадионот на Партизан се случила голема тепачка на навивачите на Црвена Звезда и Партизан, јавуваат српските медиуми.
Тепачката се обидел да ја прекине полицаец кој случајно бил таму, но за малку ќе настрадаше. Полицаецот наводно се вмешал во инцидентот, но откако видел дека не може да ја прекине тепачката почлан да бека со својот мотоцикл, а неколку хулигани го бркале. При бегањето полицаецот загубил контрола над мотоциклот и удрил во реклама, поради што се здобил со полесни повреди.
Во тепачката учестувало околу 50 навивачи на двата тима, нема информации за повредени хулигани, а првичните информации велат дека најмалку тројца се уапсени.