Жестока тепачка меѓу навивачи изби во Париз ноќта пред натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Њукасл.
Приврзаниците на англискиот тим тврдат дека ултрасите на ПСЖ втрчале во кафулето каде што биле и почнале да фрлаат по нив со столчиња и факели.
Навивачите на Њукасл возвратија, а на социјалните мрежи има неколку видеа кои покажуваат колку жесток бил судирот.
Англичаните наведуваат дека во кафулето имало и семејства со деца.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Њукасл започнува во вторник од 21 часот, а овој натпревар може да биде решавачки за минување во следната фаза од натпреварувањето во групата во која се уште Борусија Дортмунд и Милан.
