ФУДБАЛ

Тер Штеген поради болест не патува на стартот на подготовките

Германскиот голман Марк-Андре тер Шеген нема да патува со тимот во Оман на подготовки за Светското првенство поради инфекција на дигестивниот тракт.

Тимот во неделата се собра во хотелот на аеродромот во Франкфурт од каде што патува за Оман, со цел на убаво време да тренира за Светското првенство во Катар.

„Тер Штеген денеска нема да лета со тимот во тренинг кампот во Оман поради гастроинтестинална инфекција. Тој засега останува во Франкфурт и ќе си замине штом закрепне“, се вели во соопштението на германската репрезентација.

Германија во среда ќе одигра пријателски натпревар со Оман, а натпреварувањето на Светското првенство ќе започне на 23 ноември против Јапонија. Тер Штеген има одиграно 30 натпревари за Германија, но главно е замена за Мануел Нојер.