ФУДБАЛ

Тер Штеген: Време е за анализа, па да се вратиме посилни

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген вели дека Каталонците мора да се вратат посилни од репрезентативната пауза.

Барса бележи слаби резултати во досегашниот дел од сезоната. Каталонците се деветти во Примера со пет бода помалку од лидерот Реал, додека во Лигата на шампионите забележа убедливи порази против Баерн и Бенфика (и двете 3:0).

Германскиот чувар на мрежата, сепак, верува дека ситуацијата може да се промени.

„Ова е тежок почеток на сезоната, но сега имаме време да ја анализираме ситуацијата. „Мора да се вратиме од репрезентативната пауза посилно, со силен ум и остар менталитет“, напиша Тер Штеген на Твитер .

По паузата, Каталонците имаат три натпревари на домашен терен. Ќе бидат домаќини на Валенсија на 17 октомври, Киевски Динамо три дена подоцна, а потоа ќе го пречекаат и Реал Мадрид во Класико на 24 Октомври.

Дали тие натпревари ќе бидат пресвртница за гигантот од „Камп Ноу“?