Легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери, одлучи да ја заврши својата богата кариера.
Откако го напуштил саканиот клуб, тој се преселил во Астон Вила, а по раскинувањето на договорот со него, доби понудата на Спартак од Москва, која сепак одлучил да ја одбие.
После тоа, многумина шпекулираа дека Тери ќе ја заврши својата кариера, а денес доби официјална потврда од самиот играч.
“По 23 неверојатни години што ги поминав како фудбалер, решив дека сега е вистинското време за пензионирање”, рече Тери, меѓу другото, преку социјални мрежи.
Тери, за време на неговата кариера во Челзи, освои бројни трофеи – пет пати од Премиер Лигата, Лига на Шампиони, Лига Европа и пет ФА купови.
Тој запиша 78 натпревари за репрезентацијата и постигна шест гола.
https://www.instagram.com/p/BopLXWhhb_d/?utm_source=ig_embed