Крвав вовед на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2024 во Брисел меѓу Белгија и Шведска. Припадник на ИСИС (Исламска држава) пукал во тројца навивачи на гостинскиот тим, од кои двајца им подлегнале на повредите.
Трагедија во Брисел. Припадник на ИСИС (Исламска држава) пукал во шведските навивачи додека извикувал „Алаху акбар“. Тројца биле погодени, двајца им подлегнале на повредите.
The gunman who opened fire in Brussels said he's a member of ISIS and wanted to "avenge Muslims."
The armed suspect is still at large, according to Belgian media outlet Sudinfo.
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 16, 2023
Терористичкиот чин се случи на неполн час пред почетокот на натпреварот, па организаторите веројатно не можеа да реагираат и да го одложат почетокот на натпреварот. Но, тоа беше прекинато по првото полувреме.
Белгиската полиција соопшти дека истрагата е во тек и дека се трага по напаѓачот.
