ФУДБАЛ

Терзиќ: Мораме да му порачаме на Халанд да забави

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ рече дека на Ерлинг Халанд треба да му се каже да „забави“.

Халанд постигна 17 погодоци на 14 натпревари оваа сезона, но во моментов е повреден и се очекува наскоро да се врати на теренот.

Младиот напаѓач го пропушти целиот декември поради повреда, а во тој период работеше напорно за да се врати во форма, додека Борусија направи неколку грешки.

 
“За Ерлинг се знае дека е гладен за играта, да постигнува голови, знам дека работи напорно сега за да се врати, но мислам дека треба малку да забави. Треба да бидеме внимателни и да му кажеме да забави малку. Иако, добро е да се види неговиот голема желба и неговиот глад за голови “, рече Терзиќ.

Иако 20-годишниот напаѓач може да ужива во незаборавна сезона, Борусија е шестиот тим во Бундеслигата со девет бода помалку од сегашните лидери Лајпциг, а Терзиќ неодамна го презеде тимот од Лучијано Фавр.

ПОВРЗАНО

Бундеслига