Екипата на Хјустон забележа победа на гостувањето кај Њујорк, во меч кој беше неизвесен до самиот крај. Предводник до триумфот на „ракетите“ беше Џејмс Харден со дабл-дабл остварување – 61 поен и 15 скока.
Резултати на натпреварите од НБА-лигата играни ноќта меѓу среда и четврток:
Индијана – Торонто 110:106
Бостон – Кливленд 123:103
Бруклин – Орландо 114:110
Мајами – ЛА клиперс 99:111
Њујорк – Хјустон 110:114
Чикаго – Атланта 101:121
Мемфис – Шарлот 107:118
Њу Орлеанс – Детроит 94:98
Филаделфија – Сан Антонио 122:120
Јута – Денвер 114:108.