ФУДБАЛ

Тешка повреда на Витсел

Денес пристигнаа лоши вести за тимот на Борусија Дортмунд.

Белгискиот играч за врска Аксел Витсел се здоби со сериозна повреда на натпреварот против РБ Лајпциг и го следи неколкумесечно закрепнување.

Витсел го напушти мечот во 30-та минута. Се испостави дека тој ја повредил Ахиловата пета и дека повредата е од потешка природа.

Искусниот играч за врска ќе паузира неколку месеци, и ова е навистина голем удар за играчот, но и за Борусија.

Витсел оваа сезона одигра 15 натпревари за тимот на Дортмунд. Тој не беше во некоја посебна форма, а сега дојде повреда што ќе го оддели од теренот уште долго време.