Бразилскиот фудбалер Роналдињо неодамна објави дека се разболел од коронавирус.
Сепак, проблемите за легендарниот играч продолжија откако ја напушти изолацијата. Имено, Роналдињо се огласи на Инстаграм и откри дека сега неговата мајка Мигуелина е позитивна на коронавирус.
Неговата 71-годишна мајка претходно имала здравствени проблеми и затоа е дел од критична група. Имаше симптоми неколку дена, а тестот на крајот покажа дека е заразена и таа.
Роналдињо преку Инстаграм откри дека неговата мајка е во болница и дека ситуацијата не е добра. Тој исто така ги замоли своите обожаватели да се молат за неа за да може да ја победи короната.
“Таа е во болница на интензивна нега и ситуацијата не е добра. Таа има коронавирус и се бори да се опорави. Молете се за неа и благодарам за пораките за поддршка што ми ги испративте”, рече Роналдињо.