ФУДБАЛ

Тешки зборови за сензацијата сезонава: „Тие се срам за Лигата на шампионите“

Виљареал синоќа на „Енфилд“ беше поразен со 2-0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Во 53. минута Первис Еступинан ја испрати топката во сопствената мрежа, а две минути подоцна Садио Мане погоди за, како што се испостави, конечни 2-0. Иако очекувано Жолтата подморница пружи добар отпор во одбраната, не пружи премногу во нападот.

Ваквиот начин на игра ги помина во четвртфиналето против Баерн, кој сензационално го исфрлија, но се чини дека нема да се спасат против Ливерпул доколку не ја сменат тактиката.

Иако предноста од два гола можеби сè уште не му дава гаранција на Ливерпул за сигурен премин во финалето, малкумина му даваат шанса на Виљареал во реваншот, особено по толку големата доминација на тимот на Јирген Клоп.

Поранешниот играч на Челзи и Тотенхем, а сега стручњак Џејсон Канди не се сомневаше дека Ливерпул е подобар тим.

„Пред се, честитки за „црвените“. Тие целосно го контролираа темпото. Во моментов не постои свет во кој Виљареал може да го исфрли Ливерпул“, рече тој.

Канди не штедеше зборови на критика на сметка на тренерот на Виљареал, Унаи Емери.

“Ливерпул апсолутно доминираше против противникот. На некој начин, тоа беше премногу лесно за нив. Играта на Виљареал беше срамна во текот на целиот натпревар. Тоа беше срамна претстава. УЕФА мора да обрне внимание на тоа и да најде решение за да го избегне тоа”, рече тој.

Реваншот е закажан за 3 мај од 21 часот на Керамица.