ФУДБАЛ

Тешкиот ден за Челзи заврши со победа на Кероу Роуд

Челзи го совлада Норич со 3-1 во 30. коло од англиската Премиер лига.

Сините во овој натпревар влегоа со мисли надвор од фудбалскиот терен. Останаа без главниот спонзор, клубот е замрзнат поради санкции кон сопственикот Роман Абрамович, па функционалноста на европскиот шампион е загрозена.

Сепак, играчите собраа сили за победа кај Норич и постигнаа голови во раната фаза од натпреварот.

Херој е Мејсон Маунт кој постигна асистенција и гол. Во третата минута од корнер асистираше до Чалобаху кој погоди за 1:0, а потоа во 14. минута погоди за предност од 2:0.

Овој резултат остана на семафорот до 69. минута кога Норич успеа да ја намали предноста на гостите. Досуден е пенал, а Пукки погоди за 2:1.

Точка на овој натпревар стави Каи Хаверц со гол за 3:1 во 90. минута од натпреварот.

Нов триумф оствари и Њукасл. Најбогатиот тим во светот го совлада Саутемптон како гостин со 2:1.

Домашната екипа е прва која поведе на овој натпревар. Армстронг погоди за 1:0 во 25. минута, но засилувањата на „страчките“ во јануари донесоа пресврт.

Прво Крис Вуд израмни на 1:1 во 32. минута, а потоа Бруно Гимарес погоди за 2:1 во 52. минута.

Во друг натпревар, Вулверхемптон го декласираше Ватфорд со 4-0.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига