ФУДБАЛ

Тешко дека некогаш повторно ќе биде слободен човек: Менди беше обвинет од уште една жена за силување

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бенџамин Менди (27) со месеци е зад решетки поради обвинение за силување.

Францускиот фудбалер се соочува со сериозни обвинувања кои можат да му донесат огромна затворска казна, но неговите маки немаат крај.

Менди денеска дозна дека и петта жена го обвинила за силување и против Французинот е покренато ново обвинение.

Тој во моментов е обвинет за седум точки за силување и една точка за сексуален напад врз пет жени на возраст над 16 години.

Покрај Менди, обвинет е уште еден 40-годишен маж по име Луис Саха Матури, а нивното судење ќе започне во јуни или август следната година.

Дуото првично требаше да се појави на суд во јануари, но беше одлучено да се одложи за следното лето.

Бенџамин Менди е член на Сити од 2017 година, а клубот го суспендираше 27-годишниот лев бек веднаш штом беше уапсен.

Доколку биде прогласен за виновен, Менди може да се соочи со огромна затворска казна. Тешко дека некогаш повторно би бил слободен човек, а неговата кариера сепак е веројатно завршена.