Фудбалерите на Барселона одиграа уште еден возбудлив дуел во Ла Лига.
Во 27. коло гостуваа кај екипата на Елче која се бори за опстанок и по пресвртот славеше со 1:2.
Домашните одиграа храбро против Барселона, а круна на сето тоа беше водството од 1:0. Фидел во 44. минута ја затресе мрежата на Каталонците.
Во продолжението од натпреварот Барселона се разбуди, создаде неколку добри прилики, а погоди во 61. минута кога Феран Торес на асистенција на Алба израмни на 1:1.
По голот Каталонците тргнаа на победа, но домашните играчи имаа одлични интервенции во одбраната.
Сепак, во 85. минута беше досуден пенал за Барселона, а сигурен реализатор беше Депај за 1:2 и тоа беше тежок триумф за Барселона по пресвртот.
Барселона сега е на третото место со 48 бодови по 26 одиграни натпревари и ја продолжи серијата позитивни резултати, додека Елче остана на 14. место со 29 бодови.