Во победата на Орландо над Сан Антонио, Еван Фурније беше стрелец на 25 поени, Џонатан Симонс додаде 17 додека Арон Гордон забележа 16 поени и шест скока. Во составот на Сан Антонио, Ламаркус Олдриџ впиша 24 поени и 11 освоени топки под обрачите, а По Гасол имаше учинок од 12 поени и 11 скока.
Во градското дерби Њујорк славеше над Бруклин со 107:86. Кристапс Позингис имаше 30 поени и девет скока. Кортни Ли постигна 13 поени, а по 12 имаа Даг МекДермот и Енес Кантер. Во поразениот тим најефикасен со 15 поени беше Дианџело Расел.
Џејмс Харден го забележа првиот трипл дабл сезонава, а Хјустон забележа победа од 109:93 во дуелот против Шарлот. Харден во текот на натпреварот забележа 27 поени, 11 асистенции и дест скока, Ерик Гордон додаде 21 поен додека Рајан Андерсон постигна 21.
Лидер во тимот на Шарлот беше Кемба Вокер со 26 поени и пет асистенции.
Во останатите натпревари:
Атланта – Денвер 100:105
Минесота – Оклахома 119:116
ЛА Лејкерс – Торонто 92:101
Голден Стејт – Вашингтон 120:117