Фудбалерот од средниот ред на Милан, Франк Кеси најверојатно ќе замине од клубот. Се уште не е постигнат договор за продолжување на соработката, иако неговиот договор истекува во јуни. Големи се шансите тој како слободен играч да се пресели во друг клуб, а наводно интерес имало од градскиот ривал Интер.
Според информациите од Италија, преговори имало, а спортскиот директор Паоло Малдини неколку пати ја покачил понудата до фудбалерот. Сепак, Кеси и неговиот менаџер наводно побарале 10 милиони евра годишна плата, поради што Малдини го загубил трпението и му порачал дека слободно може да си замине бидејќи тој е Франк Кеси, а не Франк Рајкард.
Ова го откри новинарот Франко Ордине, кој работи за клупската телевизија за Медијасет на Силвио Берлускони.