ФУДБАЛ

Тиаго: Ја напуштив Барселона, бидејќи сакав повторно да најдам среќа во фудбалот

Шпанецот Тиаго Алкантара ги изненади многумина кога реши да ја напушти Барселона во летото 2013 година.

Тиаго е дете на каталонскиот клуб, а за првиот тим, одигра 68 натпревари и постигна седум гола. Сепак, на Камп Ноу беа изненаден во летото 2013, кога Тиаго побара да го напушти клубот, а само неколку дена подоцна потпиша за Баерн.

Шпанецот одигра над 100 натпревари во Баерн, а досега постигна 12 гола. По пет години, Тиаго конечно одлучи да открие зошто ја напушти Барселона, а причината е многу едноставна – затоа што сакаше повторно да најде среќа во фудбалот.

“Мене најголема желба отсекогаш ми била да играм и да сум што е можно повеќе на теренот. Во Барселона не беше можно кога играв јас и морав да одам на друго место. Само сакав повторно да најдам среќа во фудбал, бидејќи мене играњето ми е поважно од освојување трофеи “рече Тиаго.