Бразилскиот стопер Тијаго Силва ќе го пропушти својот натпревар во Челзи против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Силва имаше проблеми со повреди од мечот со Тотенхем на 4 февруари, а сега се врати на тренинзите, но не е подготвен да им помогне на своите соиграчи.
“Тој не е достапен иако тренира. Патуваме, тој останува дома”, рече Томас Тухел.
Натпреварот помеѓу Челзи и Атлетико се игра вечерва од 21 часот во Букурешт.
Тухел може да биде среќен што ги има на располагање Кристијан Пулишиќ и Каи Хаверц.
“Среќни сме што тој ќе бидат со нас. Тие тренираа, ништо не е спорно”, рече Тухел.