ФУДБАЛ

Тие ја копираа акцијата на Борусија Дортмунд од слободен удар, Ривер Плата претрпе тежок пораз (ВИДЕО)

Синоќа Палмеирас го победи Ривер Плата со 3:0 на гостувањето во првиот натпревар од полуфиналето на Копа Либертадорес.

Со победата во Аргентина, бразилскиот великан дојде на чекор до пласман во финалето.

Три гола постигнаа гостите, а третиот беше посебен. Слободен удар од десната страна, центаршут и гол со глава.

Акцијата буквално беше копирана од Борусија и, исто како и во случајот на германскиот тим, заврши со гол.