ФУДБАЛ

Тиери Анри замина од МЛС лигата, се враќа во Лондон

Легендата на францускиот фудбал, но и на Арсенал, Тиери Анри се повлече од менаџерската функција на МЛС тимот Монтреал. Според информациите тој се врати во неговиот дом во Лондон. Нема информации дали е во преговори со друг клуб, а тој самиот вели дека одлуката ја донел поради потреба на своето семејство.