Тијаго Алкантара премина од Барселона во Баерн во 2013 година за 22 милиони евра.
Сепак, Баерн не беше неговиот прв избор, но тоа беше Манчестер Јунајтед со кого „флертуваше“ долго време, но на крајот тој не отиде таму.
Добро познатиот новинар Гилем Балаг откри како помина целиот процес на тој трансфер и една работа е многу интересна.
“Тијаго сакаше да игра за Манчестер Јунајтед. Одлуката беше на Давид Мојс, кој тогаш сметаше дека не е играч за Манчестер Јунајтед. Кога ги слушна зборовите на Давид Мојс, Тијаго беше во Минхен, каде требаше да потпише за Баерн, но тој не можеше да верува во тоа што го кажа Мојс, па затоа го замоли неговиот агент повторно да го повика Мојс. Сепак, тогашниот тренер на Манчестер Јунајтед не се предомисли, па Тијаго потпиша за Баерн”, напиша Балаг во неговиот Профил на Твитер.