Како што беше најавено, бразилскиот стопер Тијаго Силва потпиша договор со Челзи.
Силва пристигнува во Челзи како слободен агент по завршувањето на договорот со ПСЖ и потпиша на една година со можност за продолжување на дополнителни 12 месеци.
“Пресреќен сум што се приклучив на Челзи. Воодушевен сум што сум дел од возбудливиот состав на Френк Лампард за следната сезона и тука сум да ги оспорам почестите. Се гледаме наскоро со навивачите на Челзи, со нетрпение очекувам да играм на Стемфорд Бриџ што е можно побрзо”, изјави поранешниот играч на Милан.
Done deal! 🙌 Welcome to Chelsea, @TSilva3! #OhhThiagoSilva
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 28, 2020
Тој за време на својата клупска кариера освои 26 трофеи и одигра 652 натпревари, што зборува за неговото големо искуство.
Пред него, Тимо Вернер, Хаким Зијех, Бен Чилвел, Маланг Сар пристигна во Челзи ова лето, а се верува дека ќе дојде и Каи Хаверц.