ФУДБАЛ

Тијаго Силва за Дортмунд и Халанд: Не се плашиме, ние сме ПСЖ

Искусниот дефанзивец и капитен на ПСЖ, Тијаго Силва, зборуваше за медиуми за следниот ривал во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд и нејзината прва sвезда Ерлинг Халанд.

Халанд игра ненормален фудбал оваа сезона и постигнува најмалку по еден гол на скоро секој тим. Силва се надева дека тој и неговите соиграчи во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе го запрат.

„Тој постигна многу голови. Постигна девет гола на шест натпревари, што е неверојатно. Се надевам дека можеме да го спречиме да ни даде гол. Ние сакаме да играме против вакви играчи. Знаеме дека е мотивиран, но ние сме ПСЖ“, вели Силва.

Има ли причина за страв во редовите на францускиот тим?

„Не се плашиме, но ги почитуваме ривалите. Следевме некои од нивните натпревари. Знаеме дека тие се со добар квалитет. Но, можеме да направиме добар резултат“, додаде Бразилецот.

Првиот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ се игра во вторник во Дортмунд.