ФУДБАЛ

Тиквеш поразен од Партизан на подготовките во Анталија

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш со пораз ги почна подготовките во Анталија за пролетниот дел од сезоната, откако попладнево загуби од белградски Партизан со 2-1. (2-1)

Тиквеш го отвори резултатот преку Ивановски во 26. минута од пенал, но, актуелниот лидер во српското првенство го израмни резултатот само три минути подоцна со голот на Јојиќ.

Победата на Партизан му ја донесе Гомеш во 36-та минута.

Фудбалерите на Тиквеш во Анталија ја одработуваат главната фаза во рамки на зимските подготовки, а предвидени се уште неколку контролни натпревари.

ПОВРЗАНО

Тиквеш