ФУДБАЛ

Тилеманс одби повторно да потпише со Лестер

Фудбалерот на Лестер Сити, Јури Тилеманс ја одби понудата на клубот за нов договор. Неговиот актуелен договор истекува во 2023 година и сака да се пресели во поголем клуб, пишува трансфер гуруто Фабрицио Романо.

Интересот за играчот од средниот ред е голем, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата и се очекува да испратат понуда за него на лето.

24-годишниот Белгиец важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот. Тој сака да се пресели во клуб кој се бори за титулата. Лестер е подготвен да ја намали бараната цена од 60 милиони фунти на 35 милиони фунти, откако не успеа да го обврзе со нов договор.