ФУДБАЛ

Тимо Вернер даде изјава каква што никогаш не слушате од фудбалери

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер даде брутално искрена изјава.

Вернер покажа многу малку откако пристигна во Челзи од Лајпциг. Сезонава настапи на само 18 официјални натпревари и постигна шест гола, што секако е премалку за еден таков напаѓач.

Челзи за Вернер плати 53 милиони евра во јули 2020 година кога го донесе од Лајпциг и од тој момент до денес одигра 80 официјални натпревари и постигна само 18 гола со 17 асистенции.

Напаѓачот има договор со Челзи до летото 2025 година, а сега даде изјава која фудбалерите навистина не се осмелуваат да ја дадат, колку и да се очајни.

“Не знам зошто навивачите на Челзи ме поддржуваат толку многу. Како напаѓач, сакаш да постигнуваш што повеќе голови, а јас понекогаш пропуштам отворени можности и тоа страшно ме загрижува и нервира”, изјави Вернер.

И тренерот на Челзи, Томас Тухел, и навивачите на „сините“ веруваат дека Вернер порано или подоцна ќе „експлодира“ и ќе покаже дека е напаѓач кој може постојано да постигнува голови.