ФУДБАЛ

Тимо Вернер потпиша, не ја симнува насмевката од лицето

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер се врати во Бундеслигата.

 

По лошата сезона во Челзи, Вернер реши да ја напушти Англија, а на крајот беше договорено да се врати во Лајпциг, каде ги одигра најдобрите партии и дојде до статус на германска репрезентација.

 

Пред две години Вернер за 53 милиони евра замина од РБ Лајпциг во Челзи, но Германецот не се прослави на Стемфорд Бриџ. Иако со „сините“ ја освои Лигата на шампионите, неговиот престој во Лондон го одбележаа бројни нереални неуспеси, па заминувањето беше логичен редослед на настани.

Лајпциг објави дека Вернер е нов член, а навивачите се воодушевени поради тоа. Висината на трансферот ќе биде меѓу 30 и 35 милиони евра, што значи дека сините во овој случај се во загуба. Останува да се договорат деталите за должината на договорот.

Вернер многу добро ја знае средината во која доаѓа, а со Лајпциг сака да се бори за самиот врв на табелата, иако тешко е да се очекува дека некој може да му парира на сегашниот тим на Баерн.

 

Во првото коло од Бундес лигата Лајпциг во неделата ремизираше со Штутгарт (1:1), а в сабота го пречекува Келн, што ќе биде можност Вернер да заигра во дресот на Бико. 26-годишниот фудбалер претходно одигра 156 натпревари за Лајпциг и постигна 90 гола.

 

Исто така, треба да се напомене дека германскиот клуб го договорил и трансферот на словенечкиот дијамант Бенјамин Шешко, но 19-годишниот фудбалер нема да пристигне до летото 2023 година, а дотогаш ќе остане во Салцбург.

 

Да потсетиме, словенечкиот репрезентативец го бараа гиганти како Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челзи, Милан и ПСЖ, но тој сметаше дека во овој момент најдобро му е да оди чекор по чекор.

ПОВРЗАНО

Бундеслига