ФУДБАЛ

Тимо Вернер зимска бомба во ПЛ, но во – Манчестер?!

Тимо Вернер би можел да се пресели во Манчестер!

Според информациите кои пристигнуваат од Островот, Вернер е сериозна опција за тимот на Ерик тен Хаг во зимскиот преоден рок.

Не е тајна дека Вернер е незадоволен од својата минутажа во тимот на РБ Лајпциг, особено што тренерот Марко Розе јавно објави дека Германецот е само четврта опција во нападот. Не треба да заборавиме дека тој веќе беше поврзуван со враќање во Премиер лигата.

Вернер веќе играше во Премиер лигата, иако не се прослави во Челзи. Откако постигна само 10 гола на 56 натпревари во Премиер лигата, Челзи реши да го продаде, а Лајпциг го искористи тоа и го врати за речиси двојно поголема сума.

Во првата сезона назад постигна 16 гола на 40 натпревари, оваа сезона настапи на само седум натпревари во Бундеслигата и постигна два гола, а минатата сезона постигна 16 гола на 40 натпревари во сите натпреварувања.

Дали Вернер може повторно да се роди во Манчестер Јунајтед и дали тој е вистинското решение за нападите на Тен Хег?

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига