Натпреварот помеѓу Мароко и Гвинеја Бисао во квалификациите за СП 2022 во Катар е под знак прашалник, бидејќи целиот тим на гостите има стомачен вирус.
Како што објавија од локалното здружение, сите репрезентативци имаат проблеми со повраќање и дијареа и се префрлени во болница на преглед. Иако нема официјални информации, постои сомневање дека имало труење со храна за вереме на вечерата.
Во меѓувреме, челниците на Федерацијата се обидоа да стапат во контакт со комесарот на натпреварот, со цел да го известат за целиот случај, но безуспешно.
Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата и дали ќе се одигра натпреварот, кој е закажан за среда во 21 часот.