ПСЖ ја обезбеди титулата во Франција со ремито против Ленс во текот на викендот, но од ден на ден доаѓаат лоши вести за навивачите на овој клуб.
Извесно е дека Килијан Мбапе по оваа сезона ќе премине во Реал Мадрид како слободен играч, а Sky Sports сега ја носи веста дека уште една голема ѕвезда ќе го напушти Паркот на принцовите.
Се работи за Нејмар.
До пред десет дена немаше индикации дека бразилскиот репрезентативец ќе го напушти Париз бидејќи заедно со Килијан Мбапе и Лео Меси е најважниот играч во францускиот шампион. Како што се дознава, 30-годишниот сега добил дозвола од клупските власти да ја промени средината.
Пред неколку дена дојде до конфликт помеѓу Нејмар и навивачите на ПСЖ. Бразилецот беше исвиркан од навивачите на ПСЖ за време на првенствениот натпревар против Ленс. Нејмар, сепак, одговори на однесувањето на навивачите во интервјуто по натпреварот во кое навести дека ќе остане во ПСЖ. Сега излегува дека тоа нема да биде случај.
Дека ПСЖ има намера на лето малку да го обнови тимот се шпекулира веќе подолго време. Властите имаат намера да изградат тим околу Лео Меси, кој, сепак, не покажува извонредна форма оваа сезона. ПСЖ планира да се збогува, меѓу другите, од Ди Марија и Мауро Икарди.
Исто така, првиот кој ќе замине е тренерот Маурисио Покетино, кој го разочара раководството на ПСЖ со испаѓањето во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид.