Екипите на НБА ќе побараат одложување на драфтот на 25 јуни.
Поради пандемијата на коронавирусот, најсилната кошаркарска лига на светот беше прекината пред еден месец, а сè уште не е познато кога ќе се вратат на подот најдобрите кошаркари на планетата.
Со оглед на тоа што натпреварите се прекинати, екипите во НБА сега сакаат да го преместат драфтот, кој е закажан за 25 јуни.
Сите екипи се обединети во ова барање до лидерите на лигата и веруваат дека драфтот не треба да се случи пред 1 август.
Тимовите се решија на овој потег откако беа спречени да одржат тренинзи и интервјуа со регистрираните играчи и сметаа дека драфтот треба да биде преместен во подоцнежен датум.
Ќе видиме што одлучува НБА-лигата во овој случај, но сето тоа води до тоа драфтот да биде одложен во секој случај.