Јувентус ја совлада Аталанта на гостински терен со 2:0 во пресметка по која тимот од Бергамо се одалечи од пласманот во ЛШ, додека „Старата дама“ е на чекор до целта. Резултатот го отвори тинејџерот, 19 годишниот Илинг Џуниор во 56-тата минута, а победата на потврди Влаховиќ во 98-ма. Вреди да се напомене дека ова за Џуниор беше прв меч како стартер за Јувентус. На претходните мечеви добиваше мала минутажа во вториот дел, или воопшто не влегуваше во игра.
Тинејџер погоди за Јувентус, Влаховиќ во 98-ма потврди три бода (ВИДЕО)
