Борусија Дортмунд планира да го регистрира Мукоко, чудото од дете, кое има 16 години за Лигата на шампионите. Тој во ноември ќе наполни 16 и ќе се најде на Б листата на Борусија за елитното фудбалско натпреварување.
Според правилата на УЕФА, може да се регистрираат играчи на возраст од 16 години или постари кои се родени на 1 јануари 1999 година и потоа и имаат право да играат за нивниот клуб две последователни години. Мукоко го привлече вниманието со настапите во младинските категории на тимот, а од летово е дел од сениорскиот состав.
Интересно е тоа што тој веќе има заработено милиони, но не од настапите на фудбалските терени туку од реклами. Пред неколку дена потпиша договор со „Најк“ вреден неверојатни 10 милиони евра.