Данска и Финска во моментов го играат натпреварот од првото коло во групната фаза на Европското првенство.
Нема голови во првиот дел, видовме катастрофалните сцени во самиот финиш на првиот дел.
Имено, Ериксен се сруши на тревникот по една акција на Данска и остана да лежи.
Останатите дански играчи веднаш ги повикаа лекарите да дојдат и застанаа околу Ериксен за да не го снимаат камерите.
Јасно е каков шок беше тоа, бидејќи некои дански играчи плачеа, а преносот покажа дека лекарите го оживуваат Ериксен.
Натпреварот е прекинат во моментот, а не е познато во каква состојба е Ериксен. Но, ова се навистина ужасни сцени!
https://twitter.com/razza6999/status/1403755785079996419?s=07