Иако целото внимание е главно насочено кон Роберт Левандовски, кој е навистина фантастичен откако пристигна во Барселона, и Каталонците имаат свој „тивок херој“.
Барселона моментално е второпласирана екипа во шпанската Ла Лига. Каталонците имаат 10 бода по три победи и едно реми. Во последното коло славеа како гости во Севиља со 3:0 и сега се на само два бода од лидерот Реал Мадрид.
Левандовски брилјира откако дојде од Баерн, сите се всушност на високо ниво, но медиумите во Шпанија сметаат дека „тивкиот херој“ е голманот Марк-Андре тер Штеген.
Се чини дека Германецот се врати во старата форма, иако пред една година беше исмејуван поради разни грешки. Тогаш малкумина очекуваа дека голманот ќе биде еден од носителите на Барселона.
Шпанските медиуми привлекуваат внимание на импресивната статистика на германскиот голман, кој досега одбрани 12 од вкупно 13 удари кон неговиот гол. Тоа значи над 90% ефективност на неговата интервенција.
Тер Штеген го прими единствениот гол против Реал Сосиедад.
„Овој човек е ѕид“, објави Марка по натпреварот против Севиља, особено пофалувајќи го Тер Штеген.
„Се врати одличниот тер Штеген. Тој игра клучна улога во стартните единаесет и му носи бодови на тимот“, пишува Мундо Депортиво.
Медиумите исто така истакнуваат дека тер Штеген може да игра многу добро во преден план. Во последниот натпревар тој беше петти најдобар додавач на Барселона. Тој забележа и неколку успешни кражби.
Почетокот на сезоната покажува дека се врати стариот добар Марк-Андре тер Штеген, кој минатата сезона не се снајде баш најдобро, како и повеќето играчи кои тогаш го носеа дресот на Барса.
Сепак, летото го помина работејќи со тренерот на голманите и разговарајќи со Чави, а од натпревар во натпревар е се порасположен. Дополнително, се чини дека тер Штеген е подготвен да води фер „борба“ со Мануел Ноер за позицијата прв голман во германската репрезентација на Светското првенство во Катар.