Кристијано Роналдо се најде во центарот на скандалот по натпреварот помеѓу Србија и Португалија.
Натпреварот на Маракана заврши со резултат 2:2, но во последните секунди од мечот на Португалците не им беше досуден чист погодок. Во центарот на вниманието беше Роналдо кој постигна гол, а топката ја исфрли Митровиќ и помошниот судија покажа дека топката не ја минува гол-линијата.
Сепак, Роналдо веднаш сфати дека не добил чист гол и отиде од протестот во соблекувалната. Португалецот мавташе со рацете за судијата веднаш да го заврши натпреварот, а на патот кон соблекувалната ја фрли капитенската лента.
Ваквиот потег на Роналдо предизвика бурни реакции и во Португалија, а многумина изјавија дека капитенот на репрезентацијата не смее да се однесува на таков начин, без разлика за што станува збор.
На Инстаграм се огласи и неговата сестра Катија Авеиро, која рече дека Роналдо има намера да направи нешто поскандалозно.
“Португалија беше ограбена на скандалозен начин. Јасен гол на Кристијано беше поништен и тој реагираше револтирано. Тој не може да гледа како некој го прави тоа на неговата Португалија. Сепак, тој исто така покажа неверојатна смиреност и студенило, бидејќи неговата намера беше да му ја фрли капитенската лента на судијата во лице. Тие го критикуваат за она што го стори и јас едноставно не можам да слушам такви експерти”, рече Катија.
View this post on Instagram