Кристијано Роналдо беше херојот на Манчестер Јунајтед во победата против Норич.
„Црвените ѓаволи“ потешко од очекувањата успеаја да освојат три бода на „Олд Трафорд“, благодарение на неверојатниот Роналдо кој одигра уште еден нереален натпревар и постигна хет-трик.
Роналдо со своите голови оваа сезона донесе голем број бодови, што на крајот може да биде пресудно во борбата на Манчестер Јунајтед за место кое води во Лигата на шампионите.
Португалецот покажа дека се уште е во неверојатна форма иако е на залезот на кариерата и дека има уште многу да покаже на теренот. Иако оваа сезона сигурно е нешто полоша од претходните, Роналдо сепак успеа да „исплива“ на површина.
Имено, Роналдо во досегашниот дел од сезоната успеа да одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 21 гол, што секако е многу добар учинок.
Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо активирал некои бонуси од договорот со Јунајтед против Норич. Португалецот по овој меч е побогат за речиси милион фунти, а таа бројка може да расте од меч во меч.
Роналдо има бонус клаузула од 750.000 фунти во неговиот договор доколку постигне 20 гола во сезона што успеа да го направи во саботата. Тој ќе добива по 100.000 фунти за секој следен гол, што значи дека Роналдо добивал токму толку за гол од слободен удар за 3:2, што беше негов 21 гол сезонава.
Тоа значи дека Роналдо на натпреварот против Норич веќе заработил 850.000 фунти, а за секој нареден гол до крајот на сезоната ќе добива уште 100.000 фунти.
Исто така, Роналдо во договорот има клаузула според која може да заработи дури милион фунти доколку на крајот од сезоната отиде меѓу ТОП 3 стрелците, што сепак е многу веројатно. Пред него е Салах кој постигна 20 гола, и Сон со 17, додека Диого Јота постигна 15 повеќе.