ФУДБАЛ

Тоа се чекаше: Пристигна одговорот на Халанд по исмејувањето од страна на „арогантните“ играчи на ПСЖ (ВИДЕО)

Сите играчи на ПСЖ, освен Единсон Кавани, го имитираа медитирањето на Ерлинг Халанд, откако ја соборија Борусија Дортмунд во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Пред натпреварот, Халанд објави фотографија од Париз, како му припаѓа на него;

Предводени од Килијан Мбапе колективно медитираа во соблекувалната на „Паркот на принцовите“, а многумина го осудија тоа како недостаток на почит кон 19-годишниот напаѓач на Борусија.

Младиот Халанд молчеше, додека таткото Алф-Инге Халанд реагираше иронично на социјалната мрежа Твитер.

„Збогум, убав Париз. Разочаран сум од резултатот, но добро заслужив во поглед. Ви посакувам се најдобро и секогаш покажете класа, на и надвор од теренот”, рече легендарниот фудбалер.