Најскапиот светски дефанзивец Хари Мегваер игра навистина катастрофално во дресот на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ пред три години издвоија нереални 87 милиони евра за овој 29-годишен фудбалер, но тој од натпревар во натпревар покажува дека не вреди толку пари.
Неговите настапи често се во центарот на вниманието. Тоа што го прави на теренот е навистина смешно, па не е ни чудо што добива бројни навреди од навивачите на Манчестер Јунајтед.
Од синоќа неговите настапи повеќе не се смешни туку тажни. Тој имаше нов ’испад’ со Кристијано Роналдо во шеснаесетникот на Атлетико каде го запре Португалецот.
Роналдо удри во Мегваер кој беше пред него и вистински благослов е што во овој судар не се здоби со скршеница на носот.
Harry Maguire and Cristiano Ronaldo clashed heads on a corner kick 😨 pic.twitter.com/XlmaRPkd2x
— ESPN FC (@ESPNFC) March 15, 2022
Атлетико синоќа на „Олд Трафорд“ го совлада Манчестер Јунајтед со 1-0 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.